Eng |  Sqp | 

Во рамките на Регионалната програма за културно и природно наследство на Југоисточна Европа, од Советот на Европа се спроведува Пилот проектот за локален развој, кој е именуван според името на регионот каде што се спроведува - регионот Дебар и Река.

Дебарско-реканскиот регион се наоѓа во северо-западна Македонија. Територијата на општината Дебар ја чини Дебарското Поле помеѓу падините на планината Дешат, Дебарското Езеро и долината на реката Црн Дрим. На оваа територија избиваат и термоминералните извори во с. Бањиште и Косоврасти.

Структурата на хидрографијата ја сочинуваат долните делови на сливните подрачја на реките Радика и Црн Дрим, чии води го формираат Дебарското Езеро.

Општината Маврово и Ростуша има изразено планински карактер и речиси целосно припаѓа на Националниот парк „Маврово“. Ова е најголемиот национален парк во Република Македонија и во неговите граници се наоѓа Мавровското Езеро.













Посетители:
Site Meter

Авторски Права 2012 © [Пилот проект за локален развоj]. Сите права се задржани!  100LE